Направете вкусен десерт во чаша од три состојки – готов за само 10 минути

Време е да се опуштите и уживате, затоа почестете се со вкусен чоколаден десерт. Ви предлагаме да го засладите денот со брзо слатко задоволство.
Овој десерт во чаша е брзо решение за да ги изненадите гостите, а за негова подготовка потребни ви се само три состојки и 10 минути.
Потребни состојки:

  • осум Орео бисквити
  • слатка павлака
  • 100гр. чоколадо
    Начин на подготовка:
    Прво сомелете ги Орео бисквитите и оставете ги настрана. Потоа исечкајте го чоколадото, па додадете 1 дл. топла слатка павлака и мешајте додека чоколадото не се растопи, а смесата не се соедини.
    Потоа изматете 350 мл слатката павлака и преполовете ја. Во еден дел од смесата додадете го чоколадниот крем. Мешајте додека смесата не се соедини.
    Кога кремите за слоевите ќе бидат готови, можете да ги прелиете во чаша. Првиот слој треба да се направи од мелени Орео бисквити, па чоколаден крем и врз него изматена слатка павлака. Повторете ја постапката по истиот редослед.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.