Запалената жалфија носи многу предности за сите – од предности во вашиот организам, до прекрасна енергија во вашиот дом.
Палењето жалфија го практикувале Индијанците, а нашите предци верувале дека оваа билка го тера злото и лекува многу болести.
Позната е под разни имиња, а ние сме сведоци за нејзината популарност во многу различни народи. Ова растение е составен дел од многу лекови и има широка примена во медицината.
Кои се предностите доколку запалите жалфија во вашиот дом?
- Може да помогне во ублажување на бројни симптоми
Практикувањето палење на овој јапонски цвет може да ви помогне да ја ублажите главоболката, кашлицата, да го намалите ризикот од добивање срцеви болести или астма. Во воздухот можат да се најдат дури 1.800 различни бактерии, а жалфијата може да уништи голем дел од нив. - Се верува дека го чисти домот од негативната енергија
Одамна останало верувањето дека ова растение го чисти домот од лошата енергија, негативните луѓе и трауми. Токму поради тоа многу од луѓето во текот на медитацијата ја користат токму жалфијата. - Средство за опуштање
Истражување спроведено пред осум години потврдило дека некои видови жалфија можат да бидат значајни сојузници во намалувањето на симптомите на анксиозност и за подобрување на расположението. Белата жалфија е богата со соединенија кои активираат одредени рецептори во мозокот кои се задолжени за нивото на расположение, намалување на стресот, па дури и ублажување на болките.