Видеата на учителката Тори станаа вистински хит на TikTok. Секое од видеата има милиони прегледи, а Тори ги доловува креативните, но погрешни одговори на своите ученици.
Во тестовите што Тори им ги дава на децата има различни слики кои симболизираат животни, предмети и слични поими за кои децата треба да напишат што се.
Така, едно момче, за кое Тори напиша дека се вика Брајс Т, напиша дека желката е анимираниот лик од Покемон Squirtle, и дека хамбургерот е ресторанот за брза храна In-N-Out.
Ова е најгледаното видео на TikTok на Тора, а за три дена е прегледано повеќе од сто милиони пати.
Извор: ТикТок