Национален парк Шар Планина ќе бара да се надомести штетата на природата направена од „ратраците“


Националниот парк Шар Планина доставил докази до Државниот инспекторат за животна средина со цел да се поведе прекршочна постапка за оштетување на природата од возилата „ратраци“, информираше денеска директорот Ибрахим Дехари. Оштетувањата и надоместувањето на штетата биле тема и на заеднички состанок на повеќе институции, операторите со „ратраци“, како и управата на Националниот парк.

– По топење на снегот, експертите ќе направат процена на оштетувањата и ќе се процесуира до Обвинителството и судот кои ќе проценат која е штетата. Ќе се побара таа да се надомести. Но, тоа не е лесно. Беа експерти кои кажаа дека неколку години и треба на природата за да обнови. Во природа има правило, што семе може да се фрли, не може семе како за на стадион. Тоа е природна трева за која треба повеќе години да се обнови за да се врати во првобитна состојба. Затоа дојдовме до оваа забрана за движење на„ратраци“, изјави Ибрахим Дехари на денешната средба со новинарите.

Тој потсети дека „ратраците“ согласно забраната за движење низ Шар Планина како заштитно подрачје ќе може да ги користат само двата шумски правци од Попова Шапка кон Лешница и Вакуфска патека кон Шарски води.

-Ќе мора да потпишат договор со нас со правила кои ќе ги наведеме и тогаш ќе можат да се движат. Ако го почитуваат тој правилник ќе можат да се движат сега за сега не може. Проблематична е разликата од 1700 метри надморска височина до 2000. Од 2000 метри и погоре има снег, но до таму се прават големи штети. Оваа година имавме многу малку снег, во некои предели ветерот го однел. Треба да газат „ратраците“ на слој од земја, истакна Дехари по денешниот настан во нивните простории каде се одбележи Светскиот ден на шумите и Светскиот ден на водите преку промоција на едукативна патека за деца.

На вчерашниот состанок, според информациите на Дехари било договорено со Држаниот инспекторат за животна средина дека ќе ги засили инспекциските контроли со цел заштита на природното наследство согласно Законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк, Законот за заштита на природата и другите закони.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: