Најбрза и најслатка бисквит-торта со вишни и чоколадо: Без миксер и без печење, готова за 15 минути!

Овој божествен освежувачки десерт ќе го воодушеви целото семејство, а идеален е за топлите денови што ни претстојат
Состојки:
700 г бисквити
1 л јогурт
300 г мелени бисквити
200 г шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер
100 г црно чоколадо
350 г вишни
шлаг или слатка павлака

Издробете ги бисквитите на покрупни парчиња, додајте ги мелените бисквити, ванилиниот шеќер и шеќерот во прав и сето тоа добро измешајте го. Смесата прелејте ја со јогурт и повторно измешајте сѐ додека се соедини.
Половина од смесата сипете ја во калап или во подлабок среден плех и израмнете со шпатула. Врз смесата сипете го стопеното чоколадо, а потоа додајте ја другата половина од смесата во која сте ги додале и вишните. На врвот додајте шлаг или изматена слатка павлака. Оставете ја во фрижидер околу два часа, да се стегне.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.