Како што беше соопштено, компанијата Мета денеска отпушти огромен број луѓе – поточно 11.000 луѓе.
Закерберг претходно им кажа на стотици директори во компанијата, истакнувајќи дека „има еден куп луѓе во Мета кои не треба да бидат таму“.
WSJ неодамна напиша, повикувајќи се на извори, дека Цукерберг се појавил вознемирен на состанокот и рекол дека е „одговорен за погрешните чекори на компанијата“. Тој изјави и дека неговиот преголем оптимизам во однос на растот довел до преголем број вработени.
Ова е најголемото отпуштање во технолошкиот сектор досега.
– Знам дека ова е тешко за сите, а особено ми е жал за оние кои се засегнати – изјави Цукерберг во врска со денешната несреќна ситуација.
Тој исто така рече дека „сака да ја преземе одговорноста за овие одлуки и како компанијата дошла до оваа ситуација“.
Според CNBC, 11.000 отпуштања претставуваат 13% од работната сила во Мета, компанија која кон крајот на октомври даде благи насоки за нејзините претстојни приходи во четвртиот квартал, што ги исплаши инвеститорите.
Лошата прогноза ги намали акциите за речиси 20%. Трошоците и расходите на компанијата скокнаа за 19% на годишно ниво во третиот квартал на 22,1 милијарди долари.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.