Најдобриот лек на есента: Овој плод е преполн со витамини!

Одличен е за забите и коските поради комбинацијата калциум, фосфор и магнезиум.
Постојат многу причини поради кои во исхраната треба да го додадете костенот, кој во овој период го има на секој чекор. Костенот содржи помалку масти од останатите јаткасти плодови, висок процент на скроб и витамин Ц.
Поради високото ниво на растителни влакна и сложени јаглени хидрати, костенот брзо предизвикува чувство на ситост.
Тој е одличен за забите и коските поради комбинацијата калциум, фосфор и магнезиум. Костенот стимулира функции на нервниот систем затоа што е богат со минерали и витамини од групата Б. Користен е и во исхраната на дијабетичарите поради спората апсорпција на јаглени хидрати, па не го подигнува нагло инсулинот во крвта.
Брашното од костен е намирница без глутен, а добар е и во борбата со анемија затоа што има високо ниво на железо.
Костенот има ефект на „кардиозаштитник“ затоа што содржи маснотии кои што се добри за организмот и обезбедува добра пропорција на омега 3 и омега 6 масни киселини – го штити срцето.
Го чува и системот на цревата и имунитето затоа што е пребогат со растителни влакна, овозможува добра работа на цревниот систем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.