Најдобриот начин за соочување со есенските температури

Омилениот пијалак за постудените сезони, покрај уживање носи и многу позитивни здравствени придобивки. На пример, ова кремасто задоволство ќе го заштити вашиот кардиоваскуларен систем, ќе ви ја намали кашлицата и ќе ви ги смири дигестивните проблеми. Па, ако имате потреба од стоплување и подобрување на имунитетот, пробајте го овој одличен рецепт за топло чоколадо.
Потребни состојки:

150 грама чоколадо со 60% какао
200 милилитри полномасно млеко
200 милилитри слатка павлака
1 лажичка кафен шеќер
Прстофат сол
Прстофат цимет
Начин на подготовка:
Исечкајте ја чоколадата на ситни парчиња. Промешајте ги млекото и павлаката во тенџере, па ставете ги да се варат на среден оган. Штом смесата почне да прави балончиња, додајте ги парчињата чоколадо и мешајте додека не добиете густа кремаста смеса. Обидете се да ги „уловите“ сите грутки што можеби ќе се појават, и стиснете ги на ѕидот од тенџерето за да ги разлеете во останатата смеса. На крај додајте прстофат сол за поинтензивен вкус на чоколадата и малку цимет.
Совет: Ако не сте љубители на цимет, можете да додадете мускатно оревче, изрендан ѓумбир или чили во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.