Габриела Бернштајн е автор на неколку бестселери, од кои еден од најпознатите е „Суперпривлекување – манифестирајте го животот за кој не можете ни да сонувате“. Нејзините техники и алатки им помагаат на милиони луѓе да го достигнат својот потенцијал и да го живеат животот што го посакуваат. Во продолжение ви претставуваме дел од нејзините моќни цитати:
Најдобрите цитати од Габриела Бернштајн кои ќе ви помогнат да ја зголемите самодовербата!
„Можеме да бидеме жртви на светот каков што го гледаме или можеме да избереме перспектива благодарение на која ги препознаваме минатите болни искуства како катализатор за промени.“
„Запомнете дека вие сте душа која поминува низ човечко искуство.“
„Најважното нешто што може да ви пружи спокојство е да верувате дека ја имате поддршката на универзумот.“
„Кога се чувствувате добро, во вас постојат радосни вибрации кои ги чувствуваат луѓето околу вас.“
„Ако живееме само од успех до успех, не си дозволуваме да уживаме во разноразните животни искуства.“
„Причината зошто сакате нешто во животот е затоа што мислите дека ќе чувствувате одлично кога ќе го добиете. Но, ако не се чувствувате добро додека работите на вашите достигнувања, не можете ни да го постигнете она што го сакате. Мора да бидете задоволни со она што е сега додека се стремите кон подобро.“
„Секое мисла што ја имате е порака до универзумот. A универзумот секогаш вели ДА на вашите мисли, енергија и емоции. И затоа она што ќе го испратите, ќе го добиете назад, сакале или не.“
„Кога ќе научите да го прифатите отфрлањето ќе добиете можност да го следите текот на универзумот, а тоа ќе ја зајакне вашата верба во планот што тој го има за вас.“
„Само вие избирате како го гледате светот. Вие сте сонувачот во вашиот сон.“
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.