Кога зборуваме за готвење, годините не се пречка во оваа страст. Најдобар пример за тоа е Клара, најстарата американска готвачка на Јутјуб.
Прабабата и мајка Клара на својот Јутјуб канал споделува едноставни рецепти кои ја одбележале нејзината младост.
Токму тие јадења и ги подготвувала нејзината мајка за време на големата економска криза (големата депресија) која го одбележале почетокот на 30-тите години од минатиот век, а кога владеела сиромаштија.
Иако симпатичната готвачка починала во 97 година од животот, рецептите кои ги подготвувала пред камера речиси до крајот на животот се попопуларни од било кога, а во нив уживаат бројни фанови ширум светот.
Ви донесуваме еден од нејзините рецепт за вкусен ручек со компири, кромид и виршли во кој ќе уживате, а кој е евтин и брзо се прави.
СОСТОЈКИ:
2 поголеми компири
1 главица кромид
1 пакување виршли
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Компирите и кромидот исчистете ги и исечете ги на мали коцки. Во длабока тава ставете масло, додајте компири, кромид, посолете и побиберете. Гответе на средна температура и со кутлача свртете ги состојките. По желба додајте сос од домати.
Виршлите исечете ги на кругови, а кога компирите ќе се запечат, ставете ги во тава и продолжете со динстање. Во тавата додајте и малку вода, па продолжете со динстање уште неколку минути.
Кога водата ќе испари, а компирите ќе омекнат – јадењето е готово.