Ако керамичката плочи од вашиот шпорет ја исчистите со помош на вазелин, ќе биде брилијантно чиста долго време, а ќе ги отстраните и помалите гребнатини. Откријте зошто треба да го правите ова барем еднаш на два месеци.
Првото нешто што треба да направите е темелно да ја исчистите керамичката плоча, а потоа ставете малку вазелин на салфетка и истријте го на стаклото. Ќе ви требаат неколку минути за да го направите ова, но ќе бидете воодушевени од резултатите, па вреди да се вложи напор. Потоа оставете го вазелинот да се „апсорбира“ 15 минути. Пред да нанесете вазелин, исчистете го шпоретот без хемикалии.
Исчистете го вишокот вазелин со крпа од микрофибер. Керамичката плоча ќе заблеска после ова како штотуку да сте ја купиле. Повторувајте ја оваа постапка на секои 2 месеца или почесто, во зависност од тоа колку често го користите шпоретот.
Вазелинот не само што дава висок сјај на вашата керамичка плоча, туку и ќе ги отстрани помалите гребнатини. Исто така, создава заштитен слој, со што ќе бидете сигурни дека маснотиите и нечистотијата помалку ќе се таложат. Ќе ви биде задоволство да подготвувате јадења на таков чист шпорет.