Најмалку 18 загинати и 40 повредени во пожарот во складиште за гориво во Џакарта, се трага по 16 лица

Денеска индонезиските спасувачи и пожарникари трагаат по 16 лица кои се водат за исчезнати под урнатините на јагленисана куќа и зграда, откако синоќа во огромниот пожар што се прошири од складиште за гориво во Џакарта загинаа најмалку 18 лица, а повредени се 40, од ​​кои некои во критична состојба.

Началникот на индонезиската полиција Листио Сигит Прабово изјави дека повеќе од 1.300 луѓе се раселени и се сместени во 10 владини канцеларии, командното место на Црвениот крст и спортскиот стадион.

Околу 260 пожарникари со 52 противпожарни возила го гаснат пожарот нешто повеќе од два часа по неговото избувнување, велат пожарникарите.

Пронајдете не на следниве мрежи: