Александар Цветковиќ вчера попладне итно бил примен во Ургентниот центар бидејќи ненадејно му се слошило во трговски центар.Пејачот на бендот Тропико е задржан во болница на дополнителни анализи, а како што пренесуваат медиумите, магнетната резонанца покажала дека се работи за перифернa вртоглавица.– По многубројните анализи резултатите се во ред. Тој доби воспаление на средното уво и така балансниот центар се запали. Наскоро треба да биде пуштен на домашно лекување, а му препорачале да мирува најмалку во следните 10 дена – изјавил извор од болницата за српските медиуми.По тој повод пејачот сега се огласи и откри како се чувствува.– Фала му на Бога, добро сум. Ви благодариме за вашиот интерес. Направени се анализи и се зборуваше дека сè е супер. Наскоро излегувам од болница, па ќе имаме можност да разговараме само кога ќе се вратам дома. Се извинувам во име на целиот тим за многуте откажани настани, сè ќе надоместиме. – изјави пејачот.
Пронајдете не на следниве мрежи: