НАЈНОВО: 30 дена притвор за Александар Ѓорчевски, таткото на Вања!

Судот го прифати барањето на Јавното обвинителство за определување мерка 30 дневен притвор на осомничените за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Притвор од по 30 дена добија таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје, Александар Ѓорчевски, и тројцата осомничени Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Борис Писториус кандидат за канцелар на СПД на изборите во Германија
Пратениците на Социјалдемократската партија (СПД) во Бундестагот на внатрешна средба изјавиле дека нивен кандидат за канцелар на специјалните избори во февруари во Германија треба да биде министерот за одбрана Борис …
Експлозијата во дворот на Раде Штекли е снимена на безбедносна камера
Порталот 4 News објави видео материјал од моментите на експлодирањето бомба пред домот на Раде Трајковски Штекли. Пред неколку дена во дворот на Штекли беше фрлена бомба за која се …

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерки притвор против 4 лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а поврзани со грабнувањето и убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и убиството на велешанецот П.Ж., ценејќи ги приложените факти и исказите на обвинетите во однос на предлогот за притвор донесе решенија со кои го прифати предлогот на Јавниот обвинител. Па така на В.М., В.К., Б.В., и А.Ѓ. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165. ст.1, точки 1,2 и 3 од ЗКП. односно опасност од бегство, попречување на истрагата со влијание на сведоци и повторување или сторување ново кривично дело, соопшти Судот.

Краткотраен притвор од 48 часа доби и вчера приведениот 46-годишен скопјанец С.Д. кој се сомничи дека му помогнал на првоосомничениот за убиствата Љупчо Палевски – Палчо да избега во Турција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.