Болката во грлото е меѓу најнепријатните состојби кои често се придружени со настинка или грип. Штом ќе почне да ве „гребе“, обидете се да ги ублажите симптомите и да спречите посилно воспаление
Многумина веднаш препорачуваат млака, солена вода за плакнење на грлото како средство за дезинфекција, но не е на одмет да се справите со болките во грлото со мед, млеко и други лековити намирници кои секако ги имате дома.
Медот е познат по своите антибактериски својства. Земете два до три пати по лажица мед. Ќе ја обложи мукозната мембрана на грлото со тенок слој, што ќе ја намали иритацијата при голтање храна.
Ќе ви помогне и шолја топло млеко со лажичка мед. Напитокот пијте го во голтки, а триптофанот кој се наоѓа во млекото ќе го намали отокот на грлото, па полесно ќе голтате и ќе зборувате.
Ренот е познат како природен лек за лекување на респираторните органи. Во чаша топла вода додадете една лажичка рендан свеж корен од рен и една кафена лажичка мед. Добро промешајте и пијте полека во голтки.
Чајот од камилица има антиинфламаторни својства. Антиоксидансите и другите состојки на овој чај имаат смирувачко дејство доколку почнете да го пиете кога ќе ги почувствувате првите симптоми на болно грло. Бидејќи не содржи многу кофеин, можете слободно да го пиете навечер.
Ќе помогне и куркумата, зачин кој е познат антиоксиданс кој се бори против многу болести. Истурете половина лажичка куркума и еднаква количина сол во чаша топла вода. Промешајте, а потоа исплакнете го грлото со овој раствор.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.