Најстариот ресторан во светот кој работи речиси 300 години се наоѓа во Шпанија

Ресторанот „Ботин“ во Мадрид, Шпанија, е основан 1725 година, па и Гинисовата книга на рекорди го призна како најстар ресторан во светот којшто сѐ уште работи. А, една од најуникатните одлики на оваа гостилница е печката, којашто работи постојано, веќе 298 години.

– Тоа е нашиот скапоцен камен… На нашата круна!, рече заменик-управителот, Луис Хавиер Санчез, кој работи во ресторанот повеќе од 45 години. – Никогаш не ја исклучуваме. Таа мора да биде жешка навечер и подготвена за печење наутро. Затоа никогаш не смееме да ја исклучиме. Внатре има посебна арома, навистина е неверојатно!
Подеднакво е неверојатно колку ресторанот е посветен на одржување на храната што ја служи. Санчез ја опишува и винската визба како „историја која дише“… Но, храната е она што мора „да го има вкусот на историјата“, при што секој готвач учи од својот претходник, а потоа рецептите ги пренесува на следната генерација.

Најстариот ресторан во светот кој работи речиси 300 години се наоѓа во Шпанија

– Нашите рецепти се многу стари, од кога нашите прадедовци го основаа ресторанот. И, оттогаш останавме верни на тие рецепти, додаде тој.
Сепак, ресторанот „Ботин“ не е „целосно заглавен“ во минатото – има и своја интернет-страница, како и сите потребни профили на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.