Во понеделникот на Волстрит индексите S&P 500 и Dow Jones се лизнаа од рекордните нивоа, бидејќи инвеститорите беа поколебани од слабеењето на индустриските активности во САД на крајот од првиот годинешен кварталИндексот Dow Jones ослаби за 0,04 отсто, на 14.572 поена, индексот S&P 500 падна за 0,45 проценти, на 1.562 поени, додека индексот Nasdaq изгуби 0,87 отсто, на 3,.239 индексни поени.Така индексот S&P 500 не се задржа долго време на рекордното ниво што го достигна во четвртокот, бидејќи последни макроекономски податоци од САД не го поддржуваат растот на цените на акциите.Според извештајот на Институтот за менаџерите на набавка, ISM индексот на индустриската активност во САД се лизнал во март од 54,2 на 51,3 поен, што претставува негово најниско ниво во последните три месеца.Иако останаа да бидат соопштени уште неколку важни макроекономски податоци за движењата во март, аналитичарите проценуваат дека во првиот квартал од 2013 година економијата пораснала значително побрзо, отколку во последниот минатогодишен квартал, кога зајакна за анемичните 0,4 отсто.Сепак, прашањето што се поставува е дали таквиот раст на економијата го поддржува силниот скок на цените на акциите. Од почетокот на годинава, индексот S&P 500 е во добивка од 9,5 отсто, додека индексот Dow Jones скокна за 11,2 проценти, а индексот Nasdaq за 7,3 отсто.Имајќи ги предвид рекордните дострели на индексите S7P 500 и Dow Jones, како и кипарската криза и продлабочувањето на рецесијата во еврозоната, повеќето инвеститори веќе подолго време се очекување на корекција на цените на акциите надолу, На нивната претпазливост укажува и многу слабиот обем на тргување со акциите.Европските берзи во понеделникот не работеа поради Велигденските празници што ги слави поголемиот дел од римокатоличките и протестантски земји.
Макфакс Во понеделникот на Волстрит индексите S&P 500 и Dow Jones се лизнаа од рекордните нивоа, бидејќи инвеститори