Ресторан во центарот на Прага неодамна понуди десерт во форма на коронавирус, кој веќе станал хит и се надеваат дека на тој начин ќе го запрат падот на прометот.
Ресторанот обично бил полн со туристи кои му се воодушевувале на неговиот кубистички ентериер, но поради пандемијата на коронавирусот нивната посета нагло паднала, додека Чешка се бори со една од највисоките стапки на заразата во Европа.
Креаторката на десертот, Олга Будник, рекла дека добила идеја за него за време на карантинот напролет.
„Најдов фотографија од вирусот на интернет и детално смислив како да го направам десертот – како да направам шилци, каква боја ќе биде и сл. Сето тоа го подготвив“, рекла Олга.
Десертот е малку помал од тениска торта, има чоколадна кора, а шилците на вирусот направени се од бела чоколада и сушени малини. Внатре има крем од ф’стаци со пире од малини и малини во средина.
Овој деликатес постигнал голем успех и се продаваат повеќе од 100 парчиња дневно, а бројката и понатаму расте.
Олга Будник е Украинка која живее во Прага последните шест години. Вели дека веќе размислува за нов десерт, на тема вакцина против Ковид, кој би требало да има вкус на цитрус и ликер.
„Ќе има многу лимета со малку алкохол“, најавила таа.