На меѓуградската автобуска станица во Скопје пронајден мртов маж – еве ги деталите

На 20.01.2023 во 07.05 часот било пријавено дека на Меѓуградската автобуска станица во Скопје, бил пронајден починат Б.А.(66) од Гостивар.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на судска медицина за обдукција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.