На пеколни горештини телото може да дехидрира по 30 минути

Еден од главните совети во текот на пеколни горештини е внесување доволно течности за да не дојде до дехидрација.
„Човечкото тело содржи околу 60 проценти вода што ја губиме со дишење и потење, а тој процес може да ја зголеми горештината, особено ако не внесуваме доволно течности. Така може да дојде до дехидрација“, објасни Дејвид Дела-Густина, доктор на медицина во тим за итна медицинска помош.
Како што телото почнува со потење, расте бројот на срцеви отчукувања, а крвта се движи кон кожата.
„Како што ни станува потопло, повеќе се потиме па со тоа излачуваме повеќе течности и електролити. Ако не пиете доволно течности или се потите повеќе отколку што пиете, може да дојде до дехидрација“, објаснува Тереза Муреј Амато, претседателка на итната медицинска помош во Њујорк.
Како да препознаете дехидрација?
Ако почнете да чувствувате жед, а усните и устата станат суви, може да почувствувате мачнина. Кај некои луѓе ќе се појави и главоболка, а урината ќе биде потемна. Ако надвор стане многу жешко, постои и ризик од развој на болести поврзани со топлина.


Најголем ризик од дехидрација имаат луѓето кои извршуваат некакви активности на горештини, а тоа вклучува и вежбање и градежни работи. Тие може да дехидрираат за неколку часа.
Во некои случаи дехидрација може да настапи по 30 минути.
„Луѓето може да изгубат литар или два литри вода во период од еден час или два ако не ја надоместат“, истакнува Дела-Густина. Ако седите во врел стан, ќе биде потребно малку подолго, до неколку часа.
Ако не јадете и не пиете доволно вода во текот на топлински бран, порано ќе дехидрирате.
„Кога ќе почувствувате жед веќе ви недостигаат 1 до 2 проценти вода во телото, што е значајно и тешко да го надополните“, објаснува Дела-Густина.
Во случај на дехидрација, водата не е доволна. Треба да внесувате елеткролити, најдобра опција се спортските пијалаци. Избегнувајте ги диеталните бидејќи не содржат доволно шеќер.
Може да помешате и половина лажичка сол и шест лажички шеќер со еден литар вода и тоа да го испиете. Вашите симптоми би требало да се подобрат по 15 до 30 минути. Ако тоа не се случи, побарајте лекарска помош, пишува Huffington Post.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.