Неверојатен рецепт со кефир: Ги топи килограмите и ги чисти цревата за само 7 дена

Најдобриот појадок за вашето тело! Ќе ја забележите промената во тежината уште во првата недела. Но, најневеројатната придобивка од овој рецепт е токму здравјето. Најпрво, вашите црева целосно ќе се исчистат. Потоа, како што поминуваат деновите така ќе се чувствувате сè подобро. Погледнете го рецептот во продолжение и почнете уште од денес!
Потребни состојки:
230 милилитри кефир
1 јаболко со средна големина
1-2 лажички овесни снегулки
1 лажичка мед
1/2 лажичка цимет


Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки освен кефирот во блендер и добро изматете. Потоа додајте го и кефирот, па матете уште 1-2 минути. Вашиот здрав појадок е готов!
Дополнителни совети:
За посилен појадок, слободно додајте и половина банана или уште една лажица овесни снегулки. Ако додадете и малку свеж ѓумбир, ќе добиете совршен согорувач на масти.
За ручек можете да јадете што било, но внимавајте да не се прејадете бидејќи ќе го потиснете ефектот од појадокот. Исто така, погрижете се вечерата да не ви биде после 19 часот.
Коктелот со кефир можете да го правите во најразлични варијанти, користејќи какво било овошје или зеленчук наместо јаболка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.