НЕВЕРОЈАТНА, А ВИСТИНИТА ПРИКАЗНА: 25 години лежела затворена на поткровје; Смрдеата била толку страшна што ја избркала полицијата

Во 1876 година, во Париз, 25-годишната Бланш Моние беше типична девојка од високо општество која се обидуваше да најде додворувач пред да биде предоцна. Таа се заљубила во постар адвокат кој банкротирал и кој воопшто не го сакала нејзината мајка, но била решена да се омажи за него.

НЕВЕРОЈАТНА А ВИСТИНИТА ПРИКАЗНА: 25 години лежела затворена на поткровје; Смрдеата била толку страшна што ја избркала полицијата

После тоа Бланш едноставно исчезна. Мајка и брат ја оплакувале и продолжиле да живеат како порано, но всушност криеле страшна тајна.

На дваесет и трети мај 1901 година, јавното обвинителство во Париз примило мистериозно, непотпишано писмо: „Господине јавен обвинител: Имам чест да ве известам за еден исклучително тежок случај. Куќата на Мадам Моние. Таа беше изгладнета и живееше на гнили отпадоци во последните 25 години, накратко, во сопствениот измет“.

Неухранета жена лежеше на креветот, покриена со остатоци од храна и измет, крижејќи под светлината што ја немаше видено 25 години. Бланш Моние, која тогаш тежела само 25 килограми, била затворена четврт век и за сето тоа време не видела светлина, ниту друго човечко суштество.

НЕВЕРОЈАТНА, А ВИСТИНИТА ПРИКАЗНА: 25 години лежела затворена на поткровје; Смрдеата била толку страшна што ја избркала полицијата

Сведоците го опишаа страшното откритие: „Несреќната жена лежеше целосно гола на скапан душек од слама. Таа беше покриена со еден вид кора од измет, парчиња месо, зеленчук, риба, мувлосан леб“.

Г-ѓа Моние, која беше признаена од Комитетот за добротворни цели за нејзиниот дарежлив придонес во градот, веднаш беше уапсена. Таа починала во затвор 15 години подоцна, откако го признала делото.

Се испоставило дека бидејќи нејзината ќерка одбила да раскине со адвокатот, г-ѓа Мониер ја заклучила во мала соба. Бланш јадела само ѓубре цели 25 години, а суровата казна продолжила и по смртта на нејзиниот љубовник во 1885 година.

НЕВЕРОЈАТНА, А ВИСТИНИТА ПРИКАЗНА: 25 години лежела затворена на поткровје; Смрдеата била толку страшна што ја избркала полицијата

Братот на Бланш, Марсел, му се судеше за соучество во злосторството и првично беше осуден на 15 месеци затвор, но подоцна беше ослободен со образложение дека Бланш можела да си замине кога сакала, но одбрала да не го стори тоа. На ужас на толпата во судницата, тој беше ослободен.

Бланш Моние, во Франција позната и како „Заробеник од Поатје“, починала во 1913 година во санаториум.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.