Негативната страна на киселата зелка

Иако овој зимски деликатгес е богат со многу корисни материи, постојат и негативни работи кои ретко кој ги знае, а на кои треба да се внимава.

Многумина во студените зимски денови уживаат пред ручек да замезат кисела зелка зачинета со буковец и чашка или две жолта ракија, или пак мастика. Се случува и да се изеде цела чинија кисела зелка за вечера за, нели, здрава исхрана. Сепак, колку и да е оваа храна здрава, има своја негативна страна.

Пресолена
За киселењето на зелката се користи голема количина сол, а тоа не е здраво, особено што по јадењето се пие голема количина вода. Кога во организмот се внесува голема количина сол, човекот може да се разболи од зголемен крвен притисок, солта во организмот станува оптеретување за бубрезите, се таложи во зглобовите и во крвните садови.
Поради солта вишокот течност се задржува и тешко се исфрла, а солта го пореметува и односот на калиум и натриум, па влијае на грчеви во мускулите, особено околу вратот и грбот. Доколку консумирате кисела зелка, се препорачува солта потполно да ја исфрлите од останатите намирници и оброци, бидејќи доволно ќе внесете преку зелката.

Нерамнотежа на минерали и витамини
Немир кај рацете и нозете се јавува често како последица на нерамнотежата на калиум и натриум, што е предизвикана од премногу сол. Сѐ повеќе истражувања укажуваат и на поврзаноста на употребата на сол во исхраната и појавата на некои видови на рак.
Солта од киселата зелка не се отстранува потполно дури ни со миење на листовите пред употреба. Според тоа, со киселата зелка, која без сомнение е навистина корисна, сепак треба да се биде внимателен. Доколку страдате од висок крвен притисок, можете да консумирате свежа зелка, која ја има на рафтовите во маркетите дури и во најладните месеци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.