Вафлите можете да ги посипете само со шеќер во прав, но ќе бидат уште повкусни ако ги прелиете со мед или со јаворов сируп.
Незаборавен десерт од детството: Меки вафли со цимет
Потребни состојки:
250 грама брашно
50 грама бел шеќер
100 грама кафеав шеќер
2 лажички мелен цимет
4 лажички прашок за печиво
малку сол
400 милилитри млеко
100 милилитри масло
1 лажичка екстракт од ванила
2 белки
Начин на подготовка:
1. Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, циметот, прашокот за печиво и солта.
2. Потоа, во смесата турете ги млекото, маслото и екстрактот од ванила и добро измешајте.
3. Во друг сад изматете ги белките, потоа додајте ги во смесата и мешајте со дрвена лажица.
4. Загрејте го апаратот за вафли, премачкајте го со малку масло и турете го тестото.
5. Печете околу две минути, додека тестото не добие златна боја.