Нема потреба од гладување: Промена на една навика топи килограми

Истражувачите од Универзитетот Либек во Германија открија дека со промена на една навика за јадење, можеме да се изгубат повеќе килограми.

Имено, нивното истражување откри дека многу е важно кое време имаме оброци, односно дека појадокот повеќе од вечерата го стимулира метаболичкиот процес познат како термогенеза индуцирана од храна.
Поедноставно кажано, појадокот ни овозможува да согориме двојно повеќе калории од вечерата. Затоа е подобро да појадувате обилно доколку сакате да ослабете. Оваа замена ќе ви помогне и да го регулирате шеќерот во крвта.

Патем, термогенезата предизвикана од храна се однесува на бројот на калории што телото ги троши за загревање на телото за време на варењето на храната. Термогенезата била 2,5 пати поголема кога испитаниците имале богат и калоричен појадок.Ова истражување исто така откри дека појадокот кој има помалку калории и помалку хранлива вредност предизвикува поголема желба за шеќер во текот на денот и го зголемува апетитот. Затоа, најдобро е да јадете калорична храна на почетокот на денот, а за вечера земете едноставен и поздрав оброк полн со витамини и влакна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.