Непечена торта со јагоди

500 г јагоди
100 г пишкоти
100 мл млеко
ЗА ЧОКОЛАДНА ПОДЛОГА
150 г путер
75 г чоколадо
75 г мелени лешници
50 г мелени пишкоти
ЗА БЕЛ ФИЛ
10 г желатин
6 лажици вода
200 г шеќер во прав
300 мл слатка павлака
300 мл кисела павлака
1. Путерот и чоколадото ги топиме на ниска температура. Тргаме на страна, и во нив ги промешуваме мелените лешници и пишкоти.
2. Обрачот од тавче бр. 24 го ставаме на чинијата за торта. Пишкотите ги натопуваме во млеко и ги редиме на дното. Врз нив ја ставаме топлата чоколадна подлога и оставаме малку да се стегне.
3. Јагодите ги редиме една до друга со врвот нагоре врз чоколадната подлога која сеуште не ни е стегната многу, а сепак е подизладена.
4. За белиот фил го ставаме желатинот да набабри во вода.
5. Слатката павлака ја матиме со шеќерот во прав, па во неа ја додаваме киселата павлака. Откако желатинот ќе набабри го ставаме да се растопи на рингла или во микробранова печка. На крај во тенок млаз во павлаките го додаваме желатинот и го матиме филот со миксер додека се соедини.
6. Го распоредуваме филот врз јагодите и ја оставаме тортата да се стегне во фрижидер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.