Кромидот содржи влакна, богат е со витамин Ц, делува противвоспалително и е добар за срцето, па се препорачува негова честа употреба.
Луѓето кои го одгледуваат овој неверојатно здрав зеленчук, сигурно ги знаат разликите меѓу вкусовите и својствата.
Меѓутоа, бидејќи не можете сите да го одгледувате во станови, погодно е да знаете што купувате на пазарот.
Секој вид кромид има специфична арома, а вашиот ручек може да биде магичен само поради вистинската сорта.
Кафеав кромид
Најлесно е да се најде во продавниците, а често не е многу скап.
Кафеавиот кромид има најинтензивен вкус. Одличен е за подготовка на разни супи и сосови, но одлично оди и со месо. Најдобриот вкус ќе го добиете со негов подолг третман (динстање или пржење).
Добар извор е на сулфур и шеќер, па затоа е најдобар за карамелизирање.
Сладок кромид
Ќе го препознаете по розевата нијанса на кората и по силниот мирис.
Одличен е за пржени јадења и похување. Тој е одличен извор на сулфур, а содржи нешто помалку шеќер од кафеавиот кромид.
Бидете внимателни, бидејќи поради високата содржина на вода неговиот рок на траење е пократок од кафеавиот кромид.ж
За да остане свеж што подолго, завиткајте го во хартиена крпа и ставете го во фрижидер, или земете посебна пластична кутија за кромид.
Бел кромид
Ова е најдобриот избор доколку подготвувате топли сосови. Поради тенките кришки е совршен за ситно сечкање, па доколку подготвувате салса, овој вид кромид треба да ви биде прв избор.
Плус, ако сакате, можете да го ставите и на пица.
Има силен вкус.
Црвен кромид
Има благ, сладок вкус и затоа е идеален за сирова консумација или за салати и сендвичи.
Можете да го ставите и во туршија.
Не содржи многу сулфур, па затоа не е добар избор за карамелизирање.