Не надминувајте ја дневната доза: 5 знаци кои покажуваат дека внесуваме премногу сол во организмот

Иако консумирањето сол само по себе не е лошо, доколку се претера со него тоа може да доведе до сериозни последици по нашето здравје.

Според „WebMD“, на нашето тело му е потребна мала количина на натриум, поточно треба да внесуваме околу 1500 милиграми на ден.
Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека просечниот човек дневно внесува количина од над 3400 милиграми натриум, што е многу опасно. Имено, премногу сол во организмот може да доведе до мозочен удар, срцеви заболувања и висок крвен притисок.
Но, како да знаете дека внесувате премногу сол во вашето тело? Иако симптомите се често многу суптилни, лекарите нè предупредуваат дека постојат некои предупредувачки знаци. Она што е важно е да не ги игнорираме за да не се соочиме со непријатни последици.

Надуеност
Надуеноста е еден од најчестите симптоми кои откриваат дека консумираме премногу сол. Бидејќи таа му помага на нашето тело да ја задржи водата, вишокот течност се таложи во стомакот, што доведува до надуеност, а често и до непријатни болки во стомакот.

Висок крвен притисок
Постојат многу причини зошто може да имаме висок крвен притисок, но една би можела да биде поврзана со прекумерното внесување сол. Промената на крвниот притисок се случува преку нашите бубрези, а премногу сол значително го отежнува исфрлањето на течноста што не нѝ е потребна. Како резултат на тоа, нашиот крвен притисок се зголемува.

Оток
И отокот може да биде еден од необичните знаци кои укажуваат на консумирање прекумерни количини сол. Имено, одредени делови од телото како лицето, рацете, стапалата и глуждовите најверојатно ќе почнат да отекуваат доколку имаме премногу натриум во телото.

Зголемена жед
Зголемената жед е еден од начините на кои нашиот организам се справува со вишокот сол. Кога јадеме премногу солена храна, на нашето тело му е потребно повеќе течност и со самото тоа доаѓа до зголемена жед. Заедно со зголемената жед и поголемиот внес на течности исто така доаѓа и до зачестено мокрење.

Проблеми со спиењето
Консумирањето премногу сол буквално може да нѝ го уништи сонот, особено ако имаме навика да ја консумираме доцна навечер. Наглото зголемување на крвниот притисок, заедно со нагонот за пиење повеќе вода и мокрење, значително го отежнува спиењето и квалитетот на сонот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.