Мајка „TikTok“ сака кралски третман за Денот на мајката, но подалеку од децата
Денот на мајката е еден од датумите што го зближува семејството. Но, Бејли Мекферсон има поинаков став за овој ден, или кој било ден кога центарот на вниманието е на мајките.
Како што пренесува „Dailymail.co.uk“, социјалната мрежа „ТикТок“ се вклучила на 27-годишната мајка Бејли, кога на својот профил @bmcpher го објавила своето мислење и „нефер“ начини на прославување на Денот на мајката.
Имено, Бејли во своите видеа ја изразила својата збунетост за славењето на овој ден кога е во прашање нејзината мајка. Вели дека не знае дали треба да го слави денот со својата мајка, свекрва и дали е воопшто потребно кога и самата е мајка. Понатаму објасни дека немала голема желба тој ден да го помине во куќата на нејзината мајка, грижејќи се за нејзините деца, бидејќи на крајот на краиштата, како што вели, тоа е и нејзин ден.
Видеото има речиси два милиони прегледи, а еден од многуте коментари гласеше:
Да славиме заедно? Можете да имате своја прослава заедно со другите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.