Не си заминувам од Реал Мадрид, освен ако не ме избркаат!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид славеше во финалето на Светското клупско првенство против Ал Хилал со 5-3 и го освои престижниот трофеј, а тренерот Карло Анчелоти по мечот зборуваше за неговата иднина.

Иако во претходните денови се шпекулираше дека ќе го преземе Бразил, сепак Анчелоти вели дека тоа не е вистина и нема таква намера.

„Нема да заминам од Реал Мадрид, освен ако не ми дадат отказ. Никогаш немав намера да го тренирам Бразил. Со освојувањето на новиот трофеј ни се крена самодовербата“, кажа Анчелоти.

Пронајдете не на следниве мрежи: