СОСТОЈКИ:
2 лажици масло
1 компир
100 гр кашкавал
кечап
100 гр шунка Пекабеско
1 јајце
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Компирот излупете го и исечкајте го на што потенки кругови. Во тава загрејте масло па наредете компири по дното на тавата. Оставете три минути да се пржат во поклопена тава. Потоа додајте кашкавал, кечап и шунка па оставете уште 5 минути. Потоа на пицата ставете едно јајце, посолете и оставете да се пржи уште неколку минути.
Пицата не треба да ја превртувате, доволно е да се пржи само од една страна. Затоа цело време држете го капакот на тавата.
Добар апетит!