Не, Трамп НЕ предложи инјектирање средства за дезинфекција за лекување на „Ковид-19“

Не, Трамп НЕ предложи инјектирање средства за дезинфекција за лекување на „Ковид-19“

Контролорите на мејнстрим медиумите побрзаа да го оцрнат откако американскиот претседател Доналд Трамп говореше дека инјектирањето на средство за дезинфекција може да го излечи „Ковид-19“.

Освен што Трамп не рече такво нешто, а тврдењето дека го сторил е „лажна вест“. Трамп испорача типично енергичен говор за последните откритија на неговите медицински советници во четвртокот вечерта, посочувајќи ги можностите за користење на УВ зрачење во телата на пациенти со коронавирус. „Претпоставувајќи дека го гаѓате телото со огромна ултравиолетова или многу моќна светлина… претпоставувајќи дека сте ја донеле светлината во телото, или преку кожата или на некој друг начин“, рече тој.

И тогаш ја гледам дезинфекцијата како модел- каде што го убива за една минута… и дали постои начин како да направиме такво нешто, со вбризгување внатре или брзо чистење?

Додека Трамп јасно зборуваше за генерално изнаоѓање начин да се „исчисти“ телото однатре како што прави дезинфекцијата однадвор, неговите медиумски непријатели се залепија на зборовите „дезинфекција“ и „инјекција“ и заклучија дека претседателот предлага коронавирус да се „чисти“ со средства за дезинфекција како што се Лисол или Деттол.

Отпорашкиот антитрамп Твитер, традиционално работите ги однесе половина чекор понатаму за да претпостави дека предложи вбризгување „киселина или алкохол“.

Мејнстрим медиумите се појавија со наративот „Трамп вели да пиете белило“, што ја однесе работата чекор понатаму без никаква проверка на фактите. „Г-дин Трамп сугерира дека инјектирање на пациенти со средства за дезинфекција може да помогне во лекување на коронавирус“, тврдеше забревтано БиБиСи во петокот пред да ги потсети своите читатели дека „Не само што консумирање или вбризгување носи ризик со смртни последици, и истото не е дури ни ефикасно“. Подобро запишете го ова во случај да заборавите!

Ново светско жариште на КОРОНА ВИРУСОТ станува Бразил, болниците се веќе преполни

Тие беа далеку од единствените. Телеграф пак објави: „Лекарите реагираат со ужас бидејќи Доналд Трамп тврди дека инјектирањето на средство за дезинфекција може да лекува коронавирус“. Њујорк магазин пак тепаше со следниот наслов „Трамп предлага инјектирање на средства за дезинфекција како потенцијален третман на коронавирус“.

Не е јасно како најлошото можно толкување на зборовите на претседателот постигнува нешто, освен негово инфантилизирање како и на неговите приврзаници, дозволувајќи им на медиумските магови, кои си зададоа задача да ги толкуваат неговите зборови да се чувствуваат победнички и супериорно. Но, всушност се чини тоа и е нивната намера.

Амбасадорот на Кина во Русија вели дека коронавирусот увезен кај нив, укажува на генетска секвенца како доказ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.