Амбасадорот на Кина во Русија вели дека коронавирусот увезен кај нив, укажува на генетска секвенца како доказ

Амбасадорот на Кина во Русија вели дека коронавирусот увезен во Кина, укажува на генетска секвенца како доказ

Кинескиот амбасадор во Русија, Џанг Ханкуј вели дека секвенци од генот на новиот коронавирус ковид-19 укажуваат на тоа дека вирусот не се појавил во кинескиот град Вухан, туку бил увезен. Со ова тврдење Кина го возвраќа ударот кон остатокот на светот.

Се погласни се тврдењата дека Кина намерно го сокрила ширењето на вирусот од СЗО, што потоа произведе милиони заразени насекаде по планетава. Сега, со ова тврдење Кина возвраќа.

„Пет водечки кинески научни организации собраа податоци за 93 генетски видови на ковид-19, кои се објавени во глобалните бази на податоци од страна на 12 земји од различни континенти. Истражувањето покажа дека најстариот откриен ‘предок’ на ковид-19 е вирус познат како mv1, кој понатаму еволуирал во хаплотипови (секвенци) H13 и H38. Овие два еволуирале во втора генерација Н3 која на крај еволуирана во Н1 (ковид-19)“ – рече тој во интервјутоа за Тас, руската новинска агенција.

Прочитајте за можното решение за проблемот со КОРОНА ВИРУСОТ:

Убиецот на коронавирусот лежи на дното на Јадранското Море! Германско истражување на тема

„Вирусот што беше откриен на пазарот за морска храна на Вухан беше од сортата Х1“, продолжи тој. „Само хаплотипот H3 беше откриен во Вухан порано, но тоа немаше никаква врска со пазарот на морска храна”.

Претходните генски секвенци, H13 и H38, никогаш не биле откриени во Вухан. „Ова укажува на тоа дека примерокот Х1 бил донесен на пазарот за морска храна од страна на некое заразено лице, што предизвика епидемија. Генската секвенца не може да лаже“, тврди Амбасародот Ханхуи.

Амбасадорот ги осуди обидите Кина да се обвини за пандемијата како клевета и повтори дека земјата мораше да преземе огромни напори и да претрпи многу жртви за да ја победи болеста. „Притоа, Кина купи време за другите нации – два цели месеци – со цел да им овозможи да преземат мерки за превенција и контрола“, заклучи тој.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изрази сомнеж дека Кина ги сокрила или изменила информациите за појавата и ширењето на вирусот. Во средата, Фокс њуз, повикувајќи се на свои извори, објави дека вирусот, наводно, се раширил од лабораторијата Вухан. Трамп вети дека ќе ја разгледа оваа информација.

Еве уште една студија која оди на линија на овие тврдења:

Ниту „лабораторија“ ниту „ЖИВОТИНСКИ пазар“? Избувнувањето на „Ковид-19“ започнало со месеци порано и не во Вухан, покажува најнова студија на Кембриџ?

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.