Ниту „лабораторија“ ниту „ЖИВОТИНСКИ пазар“? Избувнувањето на „Ковид-19“ започнало со месеци порано и не во Вухан, покажува најнова студија на Кембриџ?

Ниту „лабораторија“ ниту „ЖИВОТИНСКИ пазар“? Избувнувањето на „Ковид-19“ започнало со месеци порано и не во Вухан, покажува најнова студија на Кембриџ?

Новиот коронавирус можеби прв пат им е пренесен на луѓето некаде во јужна Кина, неколку месеци пред избувнувањето во градот Вухан, открива нова студија, која се спротивставува на широко распространетите теории за потеклото на пандемијата.

Со мапирањето на „мрежа“ на геноми на коронавирусот и трагањето на мутации со текот на времето, тим истражувачи предводени од генетичар од универзитетот Кембриџ, утврдиле дека првата инфекција „Ковид-19“ можела да се случи уште во септември во регион јужно од Вухан.

Тие забележаа во студијата дека патогенот можел да е пренесуван од страна на луѓето пред да мутира во смртоносна форма.

НА ОВАА ТЕМА ИЗДВОЈУВАМЕ:

Кина го сокрила истражувањето на научничка која го декодирала геномот на КОРОНАВИРУСОТ?

„Вирусот можно е да мутирал во својата последна фаза која е смртоносна за луѓето пред неколку месеци. Ова го изјави генетичарот Питер Форстер за „Утрински пост на Јужна Кина“. Тој ги води тековните истражувања, кои сеуште не биле рецензирани, а се објавени во списанието Зборник на трудови на Националната академија на науките.

Иако се смета дека вирусот се пренесувал од лилјаци на друго животно домаќин – а панголините се популарен кандидат – и, конечно, до луѓето, новите откритија би можеле да ги поништат преовладувачките идеи за точно како, кога и каде го направил скокот кон луѓето.

Првичните теории посочија дека скокот на луѓето се случи на животинскиот пазар во Вухан, но новата студија го доведе во прашање тоа, сугерирајќи дека „Ковид-19“ можеби потекнува јужно од централно-кинескиот град.

ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:

Мапа на ширењето на КОРОНА ВИРУСОТ, сите три досега лоцирани мутации

Радио станици на Пулс24

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.