Неопходно е да се воведат одредени измени во исхраната пред вакцинација против ковид, а пред се потребно е да се исфрлат намирници коишто содржат шеќер за да се намали ризикот од несакани ефекти, вели рускиот гастроентеролог Никита Харлов во интервју за руски Sputnik.
Многу е важно на време да се откажеме од благото со оглед на тоа што вакцинацијата потешко се поднесува при зголемено ниво на шеќер во крвта.
Истото се однесува и за сите производи кои содржат голема количина јаглехидрати како што се компирот и лебот, објасни Харлов.
Докторот советува пред вакцинација двојно да се намали и јадењето овошје, смета дека е најштетно непосредно пред и по вакцинација да се јадат банани, грозје и диња. Исклучок се цитрусите како лимон, цитрон и слично.
Освен производите кои доведуваат до зголемување на шеќерот во крвта, потребно е да се избегнуваат намирници кои може да предизвикаат алергија.
„Не смее да се јаде никаква нова храна, потребно е да се јаде вообичаена храна на која сме навикнати. Не смеат да се прават експерименти и да се консумираат егзотични производи“, нагласи Харлов.
Удар за имуниот систем може да биде и големата количина храна која се внесува, предупреди тој. Најдобро е какви било промени во исхраната да се внесат неколку дена пред вакцинацијата и да се придружувате две недели по вакцинација, односно во исто време додека се формира примарниот имун одговор, советува докторот.