НИКОГАШ НЕ ГИ ПЕРЕТЕ ОВИЕ РАБОТИ ВО МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ! Можат трајно да се уништат!

Постојат одредени работи кои не треба да ги перете во машина за алишта бидејќи може трајно да се уништат
Плетени капи
Плетените предмети, како што се плетените капи, не треба да се перат во машина. Вистина е дека лесно се валкаат и дека треба да се мијат по само неколку носења, но одолејте на помислата да ги ставите во машината за перење. Меката волна од која се направени не може да го издржи циклусот на вртење во барабанот, поради што се препорачува да се мијат рачно.
Перници со мемориска пена
Иако повеќето перници може безбедно да се перат во машината за перење, оние направени од мемори пена никогаш не треба да се ставаат во машината. Кога ваквите перници поминуваат низ циклус на перење, тие целосно ја менуваат својата структура и повеќето од нив стануваат непрепознатливи и различни на допир, по циклусот на центрифугирање.
Облека со запалливи дамки
Има и такви дамки кои едноставно не се компатибилни со машините за перење. Списокот на работи кои можат да остават дамки на вашата облека, а кои не смеат да се парат во машината, вклучува бензин, масло за јадење и алкохол. Ова е точно во случај на поголема истурена количина на такви материи на парче ткаенина. Во овој случај, дамката треба да се натопи во средство за отстранување дамки на база на растворувач и потоа да се измие рачно.


Облека со светки
На облеката со мали сошиени светки не и е место во вашата машина за перење. Оваа група вклучува и залепени детали, кои се премногу деликатни за да го издржат циклусот на перење. Овој тип на облека бара миење на рацете, а доколку се работи за долг фустан полн со светки, можете да размислите и за хемиско чистење.
Чанти
Чантите никогаш не треба да се најдат во вашата машина за перење. Перењето, дури и при многу ниски температури, може видливо да ги оштети обликот и материјалот од кој е направена чантата. Исто така, сите дополнителни украси на чантата сигурно не би останале неоштетени.
Чипкана облека
Современите машини имаат многу програми за перење, од оние за најделикатната ткаенина до оние за навистина многу извалканите парчиња облека. Сепак, чипката никогаш не треба да се најде во машина за перење. Материјалот е премногу фин за да ги издржи процесите на вртење и плакнење во машината за перење, затоа никогаш немојте да ја перете облеката со чипка на овој начин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.