Амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер, на официјалниот фејсбук профил на Амбасадата упати порака до граѓаните да излезат на гласање и да гласаат за кандидатот кој, како што вели, ги одразува нивните очекувања за иднината.
-Граѓаните и гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа тие гласачи… мора да гласаат. Тие мора да излезат таму и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината, и ништо нема да се постигне со негласање, стои во пораката на амбасадорката Агелер.
![](https://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2024/04/ageler-1-600x600.jpg)
Во земјава утре ќе се одржи првиот круг од Претседателските избори, на кои во трката за Вила Водно се седум кандидати. Вториот круг заедно со Парламентарните избори ќе се одржи на 8 мај.