Собранието на Република Македонија со години корумпираните политички елити го гледаат како бунар без дно од кој испумпуваат пари од буџетот на државата, пари на граѓаните, наместо да биде храм на демократијата.
И годинава политичките елити не го поштедија народот од милионски суми за патни трошоци. Само во текот на 2023 година покрај покачените плати и останати приходи за пратениците, буџетот е олеснет од страна на пратениците за неверојатни 19.5 милиони денари.
- Драмата на крузерот поради смртоносниот вирус продолжува: Забрането е излегувањеКрстосувачот „MV Hondius“ со околу 150 луѓе на бродот е закотвен во… Read more: Драмата на крузерот поради смртоносниот вирус продолжува: Забрането е излегување
- Дневен хороскоп за вторник, 5 мај: Раковите во финансиска криза, Јарците очекуваат кадровски промениУште еден возбудлив астролошки ден е пред нас. Еве што може да… Read more: Дневен хороскоп за вторник, 5 мај: Раковите во финансиска криза, Јарците очекуваат кадровски промени
- Апелација ја укина затворската казна за поранешниот телохранител на премиерот, Ангел СамараковПовторно ќе се суди предметот каде поранешниот телохранител на премиерот Христијан Мицкоски,… Read more: Апелација ја укина затворската казна за поранешниот телохранител на премиерот, Ангел Самараков
- Фицо: „Нема да го сменам мојот став, ќе одам кај Путин на 9 мај“Словачкиот премиер Роберт Фицо денес објави дека за време на претстојната посета… Read more: Фицо: „Нема да го сменам мојот став, ќе одам кај Путин на 9 мај“
- Наместо ученици, во училишните ходници и дворови ќе дежураат наставници, најави Јаневска по случајот во Ѓорче ПетровНаместо ученици, отсега во училишните ходници и дворови ќе дежураат наставници, најави… Read more: Наместо ученици, во училишните ходници и дворови ќе дежураат наставници, најави Јаневска по случајот во Ѓорче Петров
Поголемиот дел од пратениците кои земале патни трошоци, ретко или никогаш не се појавиле на говорница, не поднеле никакво законско решение или амандман во интерес на македонските граѓани.
Собранието се претвори во циркус кој го плаќаат граѓаните, пратениците наместо да одлучуваат своеволно и во интерес на граѓаните чекаат инструкции од партиските штабови за да кренат рака во храмот на демократијата, а партиските и личните интереси се ставени пред интересите на граѓаните.
Овој начин на делување мора и ќе биде променет, основната идеја на Собранието е преку дебата различни политички чинители да можат да дискутираат за предлог законски решенија кои ги предлагаат во интерес на граѓаните, а не како сега, во пазар каде се договараат за амнестија на криминалот и корупцијата.
Нова Алтернатива уште во првите неколку месеци од влегувањето во парламентот ќе предложи сериозни измени во делот на патните трошоци за пратениците кои ќе бидат услов за формирање на Влада. Буџетот на државата не е бунар без дно и начин пратениците да се збогатат во еден мандат. Нова Алтернатива најавува крај на милионските давачки за граѓаните за патни трошоци и останати злоупотреби на парите на граѓаните за лично богатење.
*Соопштение на партијата Нова Алтернатива
Пронајдете не на следниве мрежи:



