Додека едни се шегуваат со дизајнот на новите Ајфони, други помалку или повеќе реално се плашат
Епл вчера ги претстави новите модели на Ајфон, меѓу кои и Ајфон 11 Про, кој има три камери.
Иако не е нешто револуционерно, интернетот веднаш се преполни со шеги околу овој модел, споредувајќи го делот кај камерите со плотна од шпорет. Но, се појави и друг проблем.
Луѓето кои страдаат со трипофобија, односно страв од мали и црни дупки, пријавуваат дека чувствуваат вознемиреност и непријатност кога ќе погледнат во задниот дел на новиот Ајфон.
Терминот трипофобија беше „скован“ во 2005 на мрежата Редит. Популарни личности како актерката Сара Полсон и манекенката Кендал Џенер се меѓу оние кои се згрозуваат од гледање во мали дупки. Тука спаѓаат и дупчињата во сирењето и кашкавалот, облека со точки, меури…