Нови цени на горива од полноќ

Бензините на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а цената на дизел горивата се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,19 отсто.

Филипче: Следува нов почеток и пресвртница во делувањето на СДСМ
  СДСМ денеска во Скопје го одржува 30. конгрес на кој ќе се донесе одлука за избор на новиот состав на Централниот и Надзорниот одбор на СДСМ и избор …
Левица: Нова дивоградба во Чаир узурпира државно земјиште
„Во официјално најгусто населената општина во Европа – Чаир, јавниот простор забрзано се узурпира од страна на урбанистичката мафија, со амин и на актуелната власт. И новата коалиција, составена …

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73,5, а Екстра лесното масло за горење ЕЛ-1) за 73 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,839 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,236 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,085 отсто, кај дизелот за 2,120, кај екстра лесното масло 2,043 и кај мазутот за 1,589 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,869 отсто.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.