Новогодишна свечена салата со пилешко и мак

Најубавиот украс на новогодишната трпеза ќе биде оваа свечена салата со пилешко и мак. Ова предјадење се прави од евтини состојки.

Свечените салати стануваат с попопуларни, а освен што преубаво изгледаат и ја украсуваат секоја трпеза, и неверојатно се вкусни. Изгледаат како торти, а состојките можете да ги користите по желба. Наш предлог е свечена салата со пилешко и мак која совршено ќе се вклопи на сечија новогодишна трпеза. Комбинацијата на состојките е полн погодок, а подготовката никогаш полесна.

Новогодишна свечена салата со пилешко и мак

Потребни состојки:
1 батак
3 домати
2 јајца
120 гр тврд кашкавал
3 тост лепчиња
3 чешниња лук
1 лажичка блага пипер
2 лажици маслиново масло
1 лажица мак
мајонез
Подготовка:
Месото и јајцата сварете ги, а потоа кашкавалот и лебот исечкајте ги на помали коцки. Толчениот лук посолете го, побиберете го, додадете блага пипер и турете му масло. Промешајте и оставете 5 минути, а потоа процедете ја смесата во тава (да остане само масло во тавата), па пропржете го сечканиот леб. Доматите и сварените јајца исечкајте ги на ситни коцки, а на месото извадете му ја кожата и исечкајте го на ситни коцки. На поголема чинија ставете обрач со пречник од 20 сантиметри и турете го пилешкото, па израмнете. Премачкајте со мајонез, ставете ги јајцата и израмнете. Посолете и премачкајте со мајонез, па наредете ги доматите. Повторно премачкајте со мајонез, па додадете го кашкавалот. И за последен пат премачкајте со мајонез, па посипете со препечените коцки леб. Тргнете го обрачот, салатата посипете ја со мак и ќе биде подготвена за на трпеза.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.