НОВЧАНИЦА ОД ДЕСЕТ ИЛЈАДИ ДОЛАРИ ПРОДАДЕНА НА АУКЦИЈА: Постигна цена од 480.000 долари

БАНКНОТИ од големи апоени отсекогаш привлекувале колекционери. Тоа го потврди и последната аукција на која банкнота од десет илјади долари испечатена по колапсот на Њујоршката берза пред сто години беше продадена за цели 480.000 долари!

НОВЧАНИЦА ОД ДЕСЕТ ИЛЈАДИ ДОЛАРИ ПРОДАДЕНА НА АУКЦИЈА: Постигна цена од 480.000 долари

Аукциската куќа „Херитиџ“ (Heritage Auctions), чие седиште е во Далас, како што пишуваат американските медиуми, проценила дека ретката копија од банкнотата издадена во 1934 година била исклучително зачувана.

Новчаницата го содржи лицето на тогашниот секретар за финансии на претседателот Абрахам Линколн, Салмон П. Чејс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.