Нутриционистите предупредуваат на неколку здрави намирници со кои не смееме да претеруваме

Иако бројни научни истражувања покажуваат дека во својата секојдневна исхрана треба да вклучиме што поголеми количини на здрави намирници, со некои сепак не смееме да претеруваме, велат нутриционистите.

Како што пренесува „Everyday Health“, експертите се сложни дека претераната консумација на одредена храна може да предизвика повеќе штета отколку корист.
Иако сами по себе се многу здрави, овие намирници не смееме да ги консумираме пречесто бидејќи поради својот состав можат да доведат до непријатни нуспојави. Тоа се:

  • брокула, карфиол, кељ, зелка
  • намирници богати со здрави масти (авокадо, јаткасти плодови, маслиново масло)
  • вода со лимон
  • овошни јогурти
  • овесни снегулки
  • риба
  • темно чоколадо
  • намирници богати со влакна (чиа семе, бобинки, мешунки)
  • намирници богати со бета-каротен (морков, сладок компир)

Како што објаснуваат нутриционистите, преголемата консумација на зеленчуци како брокулата и карфиолот може да доведе до дигестивни проблеми, водата со лимон може да биде штетна за забната глеѓ ако се претера со неа, намирниците богати со влакна доведуваат до дијареја, надуеност и гасови.
Храната со бета-каротен, доколку се консумира во преголеми количини, може да ја обои кожата (состојба позната како каротенемија), додека преголемото консумирање на овесни снегулки може да доведе до констипација и болки во стомакот.
Особено опасна може да биде претераната консумација на риба бидејќи, како што објаснуваат експертите, преголемите количини можат да доведат до труење со жива.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.