Нутриционистка предупредува: „Доручекот кој сите го обожуваме – не само што дебелее, туку го нарушува и нашето здравје“

„Наутро најдобро е да избегнувате сендвичи и храна која што содржи големо ниво на шеќери, како и онаа која содржи квасец, боја и конзерванси“, објаснила нутриционистката Анџелика Дувал.
„За доручек не треба да јадете сендвичи, храна која што инаку ви е омилена, а еве и зошто. Кога спиеме, нашето тело ги обновува сите ресурси кои што се потрошени од претходниот ден.


А, наутро треба тие да се надополнат. Доколку нашиот доручек е полн со витамини и хранливи материи, од старт сме во предност и ќе се чувствуваме одлично во текот на целиот ден. Доколку доручекот е лош и воглавно се состои од храна која содржи шеќери и квасец – како на пример леб од бело брашно, сувомеснати производи кои што се полни со конзерванси, тогаш нашето тело наместо да ги надополни ресурсите, ќе се напрега да ги свари овие тешки намирници“, изјавила таа.Нутриционистката објаснила и зошто пиењето кафе наутро е лоша идеја:


„Љубителите на утринското кафе се посклони со проблеми со крвниот притисок. Во текот на денот често чувствуваат умор, апатија, затоа што кафето дава енергија само во краток временски период“, објаснила Анџелика.
Според нејзините зборови, најштетното кај овој напиток е тоа што го сузбива гладот, а потоа навечер почнува да ни се зголемува апетитот, а ретки се оние кои што тогаш ќе одбијат да јадат, па со самото тоа се дебелееме.
Совет од нутриционистката: „Два или три пати неделно може да си направите протеински доручек – кајгана, варени јајца, салата со лигни или пак пилешки прсти. И ви предложувам еден ден во неделата да посветите на детоксикација затоа што тоа на нашето тело му е потребно“, заклучила Дувал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.