Обланди со тиква

5 обланди
500 г исчистена тиква
300 г шеќер
250 г мелени бисквити
200 г сечкани ореви
100 г маргарин
1 лажица мед
1 кесичка цимет
На крупната страна од рендето во длабок сад ја рендаме тиквата.
Во тенџере на оган го ставаме шеќерот и мешаме со лажица додека се карамелизира. Ги додаваме ренданата тиква, маргаринот и медот, и промешуваме. Откако маргаринот и карамелот ќе се растопат го тргаме тенџерето од оган. Ги додаваме бисквитите, оревите и циметот, и мешаме со лажицата додека се соедини филот.
На првата обланда нанесуваме фил, ја ставаме втората обланда и ја филуваме. Истата постапка ја повторуваме со уште две обланди. Прекриваме со петтата обланда, и откако филот ќе се излади и ќе се стегне ги сечеме обландите на парчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.