Оброк направен за миг – посна проја со ајвар

Вкусно, здраво, евтино и готово за час! Можете да го направите во тава, или како мафин.
Време е за пост, а посната проја со ајвар е идеален оброк или ужина. Ќе уживате во секој залак.
Потребни состојки:
– 400 мл. вода
– 100 мл. масло
– 1 лажица сол
– 4 лажици ајвар (лут или благ, по избор)
– 300 гр. пченкарно брашно
– 150 гр. бело брашно
– 1 прашак за пециво
Подготовка:
Измешајте вода, масло, ајвар, сол, брашно и прашак за пециво.
Истурете во калап за проја. Доколку калапот е од метал, намачкајте го со масло и брашно или ставете хартиени корпи, за пројата да не се залепи.
Загрејте ја рерната и печете на 200 степени околу 25-30 минути. Пројата ќе ја задржи свежината и неколку дена по подготовката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.