Во однос на воената моќ, од поранешна Југославија, Србија е на 63. место, Хрватска на 74, Албанија на 78, Словенија на 96, Македонија на 112., Црна Гора на 127, Босна и Херцеговина на 132 и Косово на 141. Ова го покажуваат податоците на веб-страницата „Global Firepower“, која секоја година објавува годишен извештај и рангирање на 140 национални вооружени сили.
Како што е наведено на веб-страницата „Global Firepower“, повеќе од 60 индивидуални фактори, како што се бројот на воени единици, финансиите, логистичките способности и географијата, се користат за креирање на рангирањето.
Топ пет листата ја предводат САД со индекс од 0,0744, потоа Русија (0,0788), Кина е трета, Индија е четврта по воена сила, а Јужна Кореја е петта.
На последното рангирање Македонија беше на 108-то место од 145 земји на листата.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.