Објавени се проценките за тоа колку Руси се убиени во Украина

Според некои американски проценки, бројот на руските жртви може да достигне 188.000 од почетокот на инвазијата. Бројката била откриена за весникот ,,Суна” на вчерашниот самит во воздухопловната база Рамштајн во Германија. Новинарите ги припишуваат тие бројки на американски „одбранбени извори“.

Американскиот генерал Марк Мајли ги спомна и паднатите руски војници. Тој рече дека Русија претрпе „огромна количина на жртви… многу повеќе од 100.000“.

Се претпоставува дека бројките ги вклучуваат и руските сили и платеничката група Вагнер, која работи за Русија.

Украина, од друга страна, ја претстави бројката од 120.126 убиени Руси и уште 860 убиени во петокот. Овие бројки не се официјално потврдени и се разликуваат од руските официјални бројки, кои се значително пониски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.