Овации ја тресеа оперската сала на првото појавување на Дурловски после режимскиот прогон

Знаете ли како една власт најбргу станува режим? Кога ќе почне да се пресметува со уметниците. За жал/среќа „насадениве“ шарени и колаборационисти ја направија оваа грешка на ангро. Резултат на тоа – МОБ ечеше синоќа од скандирања, откако по брилијантаната изведба на Тимур во операта Турандот, Игор Дурловски излезе да и се поклони на публиката. Овации и скандирања на неговото име ја тресеа оперската сала, додека нашиот оперски пеач и отпоздравуваше на публиката и им се заблагодаруваше на присутните кои дојдоа да го проследат неговото враќање на сцената. Ова е целосен триумф на Дурловски во првиот негов настап по притворот кој му беше одреден за настаните на 27 април минатата година и измисленото обвинение за наводен тероризам чија смисла лесно се доловува деновиве по сите понижувања што ги доживеавме како резултат на преговорите меѓу Заев и Ципрас. Дурловски беше еден до лидерите на За заедничка Македонија. Од крајот на ноември минатата година до крајот на јануари беше во притвор во истражниот затвор во Шутка, а потоа уште два месеци му беше одредуван домашен притвор. На својот ФБ профил Дурловски објави: Вчера беше можеби најважниот ден од мојата пејачка кариера. Трема, емоции, љубов… Дадов се што чував во себе а добив исто така се!

Благодарам на колегите за соработката и искрените гушки и бакнежи, благодарам на директорката Чадловска за можноста да се вратам на сцена во специфичен период од мојот живот, а најмногу благодарам на публиката која што со искреност го пречека моето враќање на сцената на МОЈАТА МОБ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.