Иако се појавил во некои од најуспешните филмски франшизи на сите времиња, како „Матрикс“ и „Џон Вик“, само еден филм во филмографијата на Киану Ривс има заработено повеќе од милијарда долари.
Станува збор за анимираниот филм Toy Story 4, финансиски најуспешното продолжение на популарната франшиза на Pixar.Во филмот, Ривс му го позајми гласот на еден од новите ликови, канадскиот каскадер Дјук Кабум. Дјук Кабум е една од новите играчки што ги среќава протагонистот Вуди (Том Хенкс) додека се обидува да го спаси својот пријател Форки (Тони Хејл). Дјук Кабум е пријател на вудисовата љубов Бо Пип (Ени Потс).Според Collider, инспирација за неговиот лик е познатата американска каскадер Evel Knievel, која се прослави по своите акробации на мотори.
Филмот ги надмина сите очекувања
Иако многу критичари мислеа дека филмот ќе биде неуспешен, убедени дека ништо не може да го надмине Toy Story 3, режисерот Џош Кули и сценаристите Ендрју Стентон и Стефани Фолсом им докажаа дека грешат.Во третиот филм, Вуди и другите играчки се збогуваат со својот сопственик, момчето Енди, додека во последното продолжение на франшизата, Вуди се бори со егзистенцијални прашања и се обидува да ги прошири своите хоризонти.
Toy Story 4 заработи околу 1,07 милијарди долари, додека Toy Story 3 заработи 1,06 милијарди долари. И двата филма имаат слични резултати на Rotten Tomatoes – Toy Story 4 има 97% од критичарите и 94% од публиката, а неговиот претходник има 98% од критичарите и 90% од публиката.
Големиот успех на четвртиот филм од серијата доведе до зелено светло за Toy Story 5, кој моментално е во развој. Петтиот филм треба да се појави во кината во 2026 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.